Да се ослободат од работа слепите лица, инвалидите и лица со интелектуална попреченост

Истата мерка Владата им препорачува да ја применуваат и компаниите од приватниот сектор.

668

Се задолжуваат сите органи на државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, вработените  лица во овие институции кои одат на работа со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работните активности. Ова е заклучок на Владата на РСМ на 31-ва седница откако го разгледа барањето на Министерството за труд и социјална политика.  и донесе со која

Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните претпријатија основани од општините овие лица и во овие институции да бидат ослободени од должноста на доаѓаат на работното мести и од работните активности.

Истата мерка Владата им препорачува да ја применуваат и компаниите од приватниот сектор.

Поврзани содржини