Со новата терапија на Инфективна влегуваме во стручна студија, заедно со пациентите од Аргентина, Шпанија

Во оваа  мултицентрична  студија се вклучени и пациенти од  други континенти и земји, од Аргентина, Шпанија. И кога една земја е вклучена,  нашите пациенти ќе имаат најголем бенефит, а сите други ќе ги чекаат протоколите подоцна - појасни Филипче. 

1,214

Со новата терапија – комбинација од два вида на лекови,  којашто почнува да им се дава на болните од коронавирусот на Инфективната клиника, заедно со уште 10 земји, влегуваме во стручна научна студија, најави денеска министерот Филипче.

– Кај добар дел од болните на Инфективна клиника  е веќе аплицирана терапија, а тие што се на  домашно лекување, ќе бидат транспортирани до клиниката.Секоја студија е можност да бидеме во тек  и пациентите да имаат пристап до терапијата. Во оваа  мултицентрична  студија се вклучени и пациенти од  други континенти и земји, од Аргентина, Шпанија. И кога една земја е вклучена,  нашите пациенти ќе имаат најголем бенефит, а сите други ќе ги чекаат протоколите подоцна. Ова е непознат вирус и за научниот свет има многу непознати, а ова е голема предност за пациентите – појасни Филипче.






Тој повторно предупреди – терапијата не е безазлена!

– Лекот мора да се дава по строга индикација, доколку  се открие една форма на срцева слабост, не смее да се дава оваа терапија – рече Филипче.

 

Поврзани содржини