Роберт де Ниро: Останете дома! Ве набљудувам! ВИДЕО

588

Славниот актер Роберт де Ниро апелираше до сите луѓе во светот да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и на смртоносниот коронавирус кој секојдневно зема многу животи. Со ширењето на коронавирусот, се зголеми и свеста за опасноста, иако поедини луѓе сѐ уште не ја сфаќаат важноста на превенцијата и не се придржуваат кон мерките за заштита.

Сакајќи да укаже на сериозноста на ситуацијата, Де Ниро се огласи со видеопорака:






„Здраво, тука е Роберт де Ниро. Сите треба да останеме дома. Мора да го спречиме ширењето на овој вирус и тоа можеме да го направиме само доколку се држиме заедно. Не за да се заштитиме само себе си, туку да ги заштитиме и другите и сите постари лица кои ги сакаме. Ве молам. Ве набљудувам.“, апелираше оскаровецот.

 

Поврзани содржини