Со автобус и 19 автомобили вратени 63 македонски граѓани од Црна Гора

Со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја, соопшти МНР.

647

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја,  со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

– Со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја, соопшти МНР.






Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста.

 

 

Поврзани содржини
na