КСС не прифаќа минималец, бара државата да ги заштити работниците
Задолжете се, имате начин и можност, но немојте да не деградирате,реагира КСС.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) оцени дека предлогот за намалување на платите во јавната администрација е неприфатлив и бараат државата да ги заштити работниците.
Од Синдикатот велат дека нема да прифатат минимална плата и бараат заштита од државата.
– Задолжете се, имате начин и можност, но немојте да не деградирате – реагира КСС.
Од Конфедерацијата предлагаат при секое донесување на мерки владата да се консулти ра со експерти за да донесе прифатливи решенија.
Оттаму прашуваат како наеднаш стопанството колабира за две недели и како буџетот кој пред две недели беше во топ форма, сега наеднаш издиша.
– Сега е моментот да погледнеме на вистината во очи, да ја признаеме грешката, нема повеќе простор за манипулација и во интерес на државата и целата нација да се побара помош од целата експертска јавност во државата – велат од КСС.