Актерката има деца и татко болен од леукемија, а не ѝ е гајле за коронавирусот

1,860

Актерката Еванџелин Лили (40) има деца и болен татко, но упорно одбива да се самоизолира и продолжува со животните активности како ништо да не се случува.

Таа, откако ги оставила своите деца на нивните редовни активности, објавила фотографија на Инстаграм на која напишала: „Работа, како и обично. Штотуку ги оставив децата во спортскиот камп. Ги измија рацете пред да влезат. Се смејат и играат, сè е како и обично“, стои покрај нејзината објава.

По осудата на која наишла нејзината објава во коментарите, Лили додала дека живее со татко ѝ кој се наоѓа во четвртиот стадиум на леукемија, што само дополнително ја влошило сликата за нејзиното постапка за одбивање на самоизолацијата.

„Мојот татко има леукемија, живее со нас. Јас имам oслабен имунолошки систем, но премногу ја ценам својата слобода за да се затворам дома поради нешто како што е најобичниот грип. Исто така, верувам дека целата оваа приказна околу коронавирусот е измислена и оркестрирана од страна на Владата поради претстојните избори“, напишала актерката.

Актерката, одговарајќи на коментарите додала и дека смета дека мерките во Америка се претерани и дека потсетуваат на полициски час, а сè поради респираторни инфекции.

 

FOTO: YOUTUBE/SHAPE/SKRINSOT

 

Поврзани содржини