Заев до младите: Дечки и девојки, дружете се он-лајн!

478

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, повика на одговорност, заедничка акција и солидарност во борбата против коронавирусот.

„Ајде заедно да им помогнеме на институциите, на јавното здравство, преку наш личен пример, преку лична одговорност. Да останеме дома, да нема никакви собири, да користиме средства за дезинфекција и често да миеме раце. Ситуацијата во светот е тешка, тажна и страшна. Заразата не бира кого ќе го нападне. Ова е борба за сечиј живот, за животот на твоите деца, твојата мајка, татко, брат, сестра, твојот сосед и пријател, за мојот и твојот живот“, рече Заев.
Тој ги повика младите да останат дома и се дружат он лајн.

– Млади, мора да разберете колку е сериозна ситуацијата и веднаш да ги прекинете собирите. Дечки и девојки, помислете на своите најблиски, вирусот може да биде многу опасен за вашите родители, баби, дедовци, за луѓето кои за разлика од вас, многу потешко би се избориле со болеста. Знам дека имате начини да се дружите онлајн, и затоа ве замолувам, направете го тоа. Ги молам медиумите да продолжат да помагаат со своето одговорно и професионално однесување, благодарение на нив имаме информирана јавност. На оние од екипата ‘Лажни вести’ им порачувам да престанат да му штетат на нашиот народ, зашто сега народот реагира – порача Заев.
Поврзани содржини