Меган Маркл им се пожалила на своите блиски пријатели колку е чудно тоа што членовите на кралското семејство биле воздржани во покажувањето емоции кон неа и Хари и дека никој не ја прегрнал откако дошла во Англија.
„Слатко-горчливиот“ период поминат со членовите на Бакингемската палата, кој го напуштија принцот Хари и неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс, го опишала како непријатно искуство во текот на кое тензијата можела да се сече со нож.
„Чудно е што никој не ја прегрна, сите беа многу воздржани; таа со нетрпение чекаше да се врати во Канада кај својот 10-месечен син Арчи, кој не сакаше да го понесе за да го поштеди од непријатности“, изјавил близок пријател на војвотката од Сасекс за „Дејли мејл“.
Напнатоста и воздржаноста се гледала во секој час, кога кралското семејство со Хари и Меган ќе се состанеле заедно.
– Особено, Кетрин, војвотката од Кембриџ, сопругата на принцот Вилијам, беше резервирана кон принцот Хари и Меган, неговата сопруга. Кетрин едвај ја гледаше, а со самото тоа и нивната интеракција беше сведена на минимум – навела пријателката од војвотката од Сасекс, а потоа порачала дека одлуката на парот да се оддалечи е сепак добра, затоа што начинот на кој биле дочекани зборувал повеќе од зборови.
– Принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин сигурно не се задоволни од одлуката на Хари и неговата сопруга, и тоа е сосема јасно – истакнала пријателката на Меган, а потоа додала:
„Кога двајцата браќа се збогуваа, Кејт ги гледаше бледо, па дури и тогаш кога Хари му се насмевна на својот брат, немаше реакција, освен едно неспретно „здраво““, додала таа.