5 МАКЕДОНСКИ СЕМЕЈСТВА ДОСЕГА ПОБАРАЛЕ ПОМОШ ПРИ ЕВАКУАЦИЈА ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА Туристите да ги следат насоките на локалните власти

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш апелира до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [[email protected]](mailto:[email protected]), како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

0

До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

– Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи – наведуваат од Министерството.






Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш апелира до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [[email protected]](mailto:[email protected]), како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

– Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти – додаваат од МНРиНТ.

Поврзани содржини