📷 3 ДУПКИ НА МАПАТА ПОКАЖУВААТ КАДЕ ИМА ВОЈНИ ВО СВЕТОТ Авионите кружат околу Украина, Израел, Иран, Пакистан…
Како јасна индикација за нападите што се случуваат на Блискиот Исток, постојат големи дупки над најопасните воздушни зони во светот, како што се гледа на оваа мапа објавена од Флајтрадар, коментира британски „Гардијан“.
Објава на познатата веб-страница за следење авиони Флајтрада24 покажува 3 големи „дупки“ во авионскиот сообраќај низ светот. Патничките и други авиони кружат околу Украина, околу регионот на Блискиот Исток од Израел до Иран и во регионот над Авганистан и делови од Пакистан.
„Како јасна индикација за нападите што се случуваат на Блискиот Исток, постојат големи дупки над најопасните воздушни зони во светот, како што се гледа на оваа мапа објавена од Флајтрадар“, коментира британски „Гардијан“ во врска со објавата.
This is what global air traffic looks like right now. Three clear gaps are limiting air traffic. pic.twitter.com/X7dV9KZv9f
— Flightradar24 (@flightradar24) June 17, 2025
Глобално во моментот тлеат конфликт меѓу Иран и Израел, потоа меѓу Русија и Украина, додека неодамна напади си разменија Пакистан и Индија.
Пакистан го затвори своето небо за авиони од Индија и забраната ќе трае најмалку до 24 јуни. Индија исто така забрани летови на пакистански авиопревозници.
Со почетокот на конфликтот меѓу Иран и Израел, кој трае веќе шест дена, двете земји го затворија своето небо за цивилни летови.
Војната во Украина трае од февруари 2022 година.