25.000 лица ќе се тестираат дневно во Велика Британија
Британците добиваат критики заради доцната реакција на пандемијата и малиот број тестирања. Досега на коорнавирус се тестирани 143.186 лица, а над 25.000 биле позитивни. Повеќе од 1.700 лица умреа.
Велика Британија планира од средината на април да почне со тестирања на 25.000 лица дневно, изјави министерот за здравство Роберт Џенрик.
Британците добиваат критики заради доцната реакција на пандемијата и малиот број тестирања. Досега на коорнавирус се тестирани 143.186 лица, а над 25.000 биле позитивни. Повеќе од 1.700 лица умреа.
За споредба, Германија дневно тестира 70.000 лица.
– Важно е луѓето да се тестираат, не само оние кои можат да завршат во критична состојба, туку и здравствените работници кои ,очигледно, ни се неопходни, рече Џенрик.