16-ГОДИШНИК НАПАДНАЛ ТАТКО Две жени пријавиле дека сопрузите со години ги малтретирале
Скопјанка во изминатите пет години била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг, но досега не пријавувала.
Седум лица се лишени од слобода за семејно насилство, а со еден е извршен службен разговор во последното деноноќие, соопшти полицијата.
На 09.05.2026 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка.
На 09.05.2026 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(34) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга.
На 09.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(40), постапувајќи по претходна пријава дека околу 10 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош упатувал закани кон неговата 68-годишна мајка и покрај Решението од Основен граѓански суд Скопје за отстранување од домот и забрана за приближување.
На 10.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.05.2026 околу 22 часот во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје физички ја нападнал неговата 33-годишна партнерка од Скопје и ѝ упатувал закани со огнено оружје. Според пријавеното, тој и во изминатиот период бил насилен кон неа, но таа досега не го пријавувала.
На 09.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Џ.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во 07 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. Според пријавеното, тој и во изминатиот период физички и психички ја малтретирал.
На 10.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички го нападнал неговиот 50-годишен татко.
На 09.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.Д.(33) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.05.2026 околу 18 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ упатувал закани со остар предмет. Таа во изминатите пет години била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг, но досега не пријавувала.
На 10.05.2026, 37-годишна жена од Скопје пријавила дека на 09.05.2026 околу 01 часот во сместувачки објект на подрачјето на Бит-пазар била физички нападната од нејзиниот партнер Г.К. од Турција.
На 10.05.2026 полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.В.(44) со престој во Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 41-годишна сопруга дека на 09.05.2026 во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу нив, пријавениот го турнал нивниот малолетен син.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе поднесе соодветни пријави.