УАПСЕН ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ВО КОСОВО Запленета дрога, луксузни автомобили и друга скапа стока

Полицијата објави дека акцијата е резултат на долгогодишна истрага. Групата имала сложена хиерархиска структура, од организаторите на врвот до уличните дилери.

1

Косовската полиција во Приштина уапси шест лица под сомнение дека се дел од организирана група за трговија со дрога. Меѓу уапсените е и Астрит Хараќија, поранешниот министер за култура на Косово, пишува Телеграф.

Полицијата објави дека акцијата е резултат на долгогодишна истрага. Групата имала сложена хиерархиска структура, од организаторите на врвот до уличните дилери. Претреси биле извршени на неколку локации, каде што биле уапсени шест осомничени, а против уште едно лице ќе биде покрената редовна кривична постапка. На сите уапсени им е одреден притвор до 48 часа.






За време на операцијата, запленети се околу 1,6 килограми кокаин, чија улична вредност се проценува на 111.000 евра. Полицајците пронашле и марихуана, апчиња екстази и други, засега неидентификувани супстанции. Исто така, биле одземени шест луксузни автомобили, скапи часовници, накит, телефони, електронски уреди, опрема за надзор и околу 16.000 евра во готово.

На локациите биле пронајдени и огнено оружје, муниција, ножеви и опрема за пакување дрога. Вкупната вредност на конфискуваната дрога и имот се проценува на околу 301.000 евра.

Веста за апсењето на Астрит Хараќија ја потврди неговиот адвокат, објави „Коха“.

Хараќија беше министер за култура од 2004 до 2007 година во Владата на Рамуш Харадинај. Во 2012 година, тој беше заменик-министер за финансии во Владата на Хашим Тачи.

Поврзани содржини