ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на 35 и 24 години биле пренесени во Ургентниот центар

Случајот бил пријавен денеска, околу 00:30 часот, во СВР Скопје, откако од Ургентниот центар известиле дека кај нив биле донесени двете повредени жени.

0

Две жени од Скопје на возраст од 35 и 24 години се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за време на семејна прослава во куќа во Скопје. Двете биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, а полицијата работи на утврдување на околностите под кои се случил настанот.

Случајот бил пријавен денеска, околу 00:30 часот, во СВР Скопје, откако од Ургентниот центар известиле дека кај нив биле донесени двете повредени жени.






Според пријавеното, тие се здобиле со изгорениците за време на семејна прослава во куќа во сопственост на М.К., мајка на едната од повредените, 35-годишната Н.К.

Од СВР Скопје информираат дека бил извршен увид на местото на настанот и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини