ЗНМ со претставка до МВР: Полицијата да не ја попречува работата на новинарите

И Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди вчерашниот инцидент во кој полициски службеник од СВР Велес ја оневозможил новинарката на порталот Дума.мк, Стефани Манева да си ја изврши својата работна обврска.

195

Во текот на вчерашниот ден Убавка Јаневска, новинар од онлајн медиумот ,,Дума.мк“ пријави инцидент во кој полициски службеник на СВР Велес и го одзел мобилниот телефон на новинарката Стефани Манева од веб порталот Дума.мк и ги избришал фотографиите од телефонот додека извршувала работна задача пред мостот „Гемиџии“ во Велес, информира ЗНМ.

Настанот се случил додека новинарката Манева работела на собирање информации за веста „Товарен воз прегази човек во центар на Велес.“






Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) преку своите адвокати ќе постапи по барањето на Убавка Јаневска, новинар од онлајн медиумот ,,Дума.мк“ и ќе поднесе претставка до внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага за овој случај и доколку се утврди пречекорување на овластувањата на полициските службеници, ЗНМ ќе инсистира на соодветни дисциплински мерки.

И Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди вчерашниот инцидент во кој полициски службеник од СВР Велес ја оневозможил новинарката на порталот Дума.мк, Стефани Манева да си ја изврши својата работна обврска.

– На медиумите треба да им се обезбедат услови за професионално работење, а новинарите во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на своите работни задачи затоа што секое попречување на нивната работа претставува згрозување на слободата на информирање и е апсолутно неприфатливо – нагласуваат од АВМУ.

 

Поврзани содржини