ЖИВОТОТ Е ЧУДО! По мозочниот удар адвокатката Мирјана Марковска продолжува со истата страст во нови победи (ВИДЕО)

Скопјанката Мирјана Марковска е успешна адвокатка, основачка на Здружението на жени-менаџери „ЕЛИТ“, а од неодамна и на здружението ХОУП. Пред околу три години Мирјана доживеала мозочен удар, кој успеал да ја успори, ама не и да ја запре. Воопшто не помислувала на опцијата „не можам“ или „нема да бидам добро“. За да си помогне себеси, но и на другите кои се во слична состојба, формирала здружение чија цел е да ја подигне свеста за афазија.

1,942

Мирјана Марковска е зрела, убава и реализирана жена и мајка, сопственик на адвокатска канцеларија која успешно ја води повеќе од две децении, очигледно жена-матица, опкружена со луѓе, насмеана, полна со дух, дотерана со вкус и најочигледно од сè, жена борец.
Пред отприлика три години Мирјана преживеала мозочен удар, но токму како и за сè во животот, веднаш нашла смисла дури и во ова. Не само што се исправила и продолжила да живее и да работи со истата страст, туку го прави тоа онака, во стилот – што дошло, мора да се издржи, секое лошо за нешто добро и почнала да гради уште еден бисер во низата. Формирала здружение за помош и поддршка на лица со Афазија (ХОУП), со цел, да си помогне себеси, но и на сите други кои се соочуваат со афазија, како и на лицата кои водат грижа и нега за нив.

Е сега, следува прашањето, што е афазија?






Токму овој месец, јуни, е месец за подигање на свеста за афазија, односно, за зголемување на информираноста за јазичното нарушување и за препознавање на бројните луѓе кои живеат со афазија или се грижат за лице со афазија.
Но овој термин не им е познат на 84,5% од луѓето, па очигледно дека здружението на Мирјана ќе има полни раце работа.

Повеќе за ова, како и видеото, ќе најдете на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини