Жител од Гајре приведен во Тетово, носел пиштол

181
Полицијата денеска околу 14 часот го лишиле од слобода Л.М.(38) од село Гајре, на улицата Илинденска во Тетово.





„Полицијата постапила по пријава пристигната непосредно пред тоа дека лицето со себе носи пиштол. Л.М. бил приведен во полициска станица и кај него се пронајдени револвер и куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.
Поврзани содржини