Шеесет и седумгодишно лице од беровското село Смојмирово е пронајдено починато во коритото на Смојмирска Река. Трагичниот настан го потврдија од беровската полиција, а смртта на несреќниот беровчанец била констатирана од екипа на Итната медицинска помош од Берово.
– На 10.06.2021 во 08:10 часот во Полициската станица Берово добивме пријава дека во коритото на „Смојмирска река“ во село Смојмирово е пронајден починат В.Г. (67) од село Смојмирово. Смртта без траги на насилство ја констатираше лекар од Итна медицинска помош – инфирмираа од полицијата во Берово.
Додадоа дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.