ЖИЧАРНИЦАТА ОД УТРЕ ЌЕ РАБОТИ ЕДЕН ЧАС ПОВЕЌЕ Последно возење од крстот е 17:45 часот
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичарницата се неработни денови.
Жичарницата на Средно Водно од утре (1. април 2023 година) ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот, информира ЈСП Скопје.
Согласно одлуката за возен ред за април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичарницата се неработни денови.