„ЖЕЛЕЗНАТА ТВРДИНА“ ВО БИТОЛА Долгометражниот филм кој ги раскажува најчовечките животни приказни со две претпремиери во „Манаки“
Освен осум штитеници на Психијатриската болницата во Демир Хисар, во филмот „Железната тврдина“ на единствениот македонски добитник на „Златна палма“, режисерот Митко Панов, во главни улоги настапуваат и Синоличка Трпкова, Пол Гордон (САД), Игор Џамбазов, Васко Тодоров (како Тошо Малерот), Стефан Шашков и Јасмина Котевска.
Вечерва (17 април) и утре (18 април) со почеток во 19:30 часот во Кино Манаки во Битола ќе се одржат две претпремиерни проекции на филмот “Железната тврдина” во режија на единствениот македонски добитник на наградата “Златна палма”, режисерот Митко Панов.
Железна тврдина е филм за кревки луѓе, кој од обична филмска работилница со штитеници на Психијатриската болница во Демир Хисар, прерасна во долгометражен филм во кој се раскажуваат најчовечките животни приказни…
Освен осум штитеници на Психијатриската болницата, во главни улоги настапуваат и Синоличка Трпкова, Пол Гордон (САД), Игор Џамбазов, Васко Тодоров (како Тошо Малерот), Стефан Шашков и Јасмина Котевска.
За разлика од физичкото здравје, менталното здравје и менталната хигиена, се чест предмет на стигматизација, додека лицата кои се соочуваат со такви проблеми истовремено се соочуваат и со феноменот на маргинализација.
Од таа перспектива, морален прерогатив на филмот „Железната Тврдина“, е поткревање на нивото на свест и информираноста, со цел надминување на таа друштвена стигма.
На проекцијата ќе бидат присутни режисерот Митко Панов, Јасмина Котевска и Стефан Шашков од Центарот за креативни индустрии „Небо“ кои по проекцијата ќе одговараат на прашања од публиката.