6 МЕСЕЦИ ЌЕ БИДЕ ИЗМЕНАТА ТРАСАТА НА ЛИНИИТЕ 31 И 163 Се реконструира улицата Киро Фетак во Кисела Вода

2,695

Поради реконструкција на улица во општина Кисела Вода, автобусите на линиите 31 и 163 ќе бидат пренасочени по изменети траси.

Автобусите на линиите 31 и 163 кои сообраќаат на овој потег ќе бидат пренасочени по изменети траси преку булеварот Србија, булеварот 12 Македонска бригада и улицата Горно Лисиче (во двата правца).

Улицата ќе биде затворена во двата правца во наредните 6 месеци.

Од денеска, (17.04.2026) Општина Кисела Вода започнува реконструкција на улицата Киро Фетак, кај мостот, по вкрстување со Герника 10.

Поврзани содржини