Најмладиот пациент кој ние го лекувавме како клиника „Жан Митрев“ е 23-годишно момче во тешка состојба. Многу од пациентите кои ги презедовме дојдоа од ГОБ „8-Септември“ и од Инфективната клиника, изјави д-р Жан Митрев за емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
– Голем број од овие пациенти беа веќе на респиратори во други институции. Голем проблем претставува и суперинфекцијата кога пациентот подолго време е болен и шансите на него да се накалеми една болничка инфекција е многу полесно. Опоравањето кај овие пациенти е многу мачно и многу долго. Кај некои пациенти имаме веќе четврти и петти циклус на хемофилтрација – рече Митрев во „Само вистина“.