ЗГРИЖЕТЕ КУЧЕ ПРИВРЕМЕНО Нова програма на Лајка за вдомување милениче

25

Јавното претпријатие за хуман третман на бездомни кучиња Лајка почнува нова програма за привремено згрижување, со цел подобрување на благосостојбата на кучињата и зголемување на стапката на вдомување.

Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се социјализираат, да стекнат рутина и повторно да изградат доверба во луѓето, што значително ги зголемува шансите за успешно вдомување.






Како поддршка на згрижувачите, ЈП Лајка ќе обезбеди: храна за целото времетраење на престојот, комплетна ветеринарна грижа, стручна поддршка и насоки, промоција на кучето за вдомување.

– Нагласуваме дека за вклучување во програмата не е потребно претходно искуство, туку желба за помош, основни услови и одговорен пристап. Привремените згрижувачи се клучен дел од системот за хуман третман. Благодарение на нив, кучињата добиваат шанса повторно да веруваат и полесно да најдат траен дом – велат од Лајка.

Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават или да добијат повеќе информации преку [email protected] или преку социјалните мрежи на ЈП Лајка.

Поврзани содржини