ЗГОЛЕМЕНОТО НИВО НА Д-ДИМЕРИ ЗНАЧИ ДЕКА ИМАТЕ ТРОМБОЗА? Српскиот хирург д-р Јочиќ вели дека тоа е една голема заблуда
Создавањето и топењето на тромбовите се одвива постојано во телото и секогаш постои некоја вредност на Д-димери во крвта. Но, кога рамнотежата е нарушена, тогаш доаѓа до зголемување на тромбозата и топењето на тромбовите, објаснува српскиот васкуларен хирург д-р Дарио Јочиќ.
Зголеменото ниво на Д-димери не мора да биде сигнал за тромбоза во телото, објаснува српскиот васкуларен хирург д-р Дарио Јочиќ, кој вели дека Д-димерите, во суштина, се биохуморални параметри во крвта кои прикажуваат дали во моментот постои „топење“ на тромбови.
Тој посочува дека кога се топи тромбот, еден негов протеин се дели на два дела, а токму тие делови се нарекуваат Д-димери.
– Создавањето и топењето на тромбовите се одвива постојано во телото и секогаш постои некоја вредност на Д-димери во крвта. Но, кога рамнотежата е нарушена, тогаш доаѓа до зголемување на тромбозата и топењето на тромбовите – објаснува д-р Јочиќ.
Не може само Д-димерите да бидат индикација за давање терапија, бидејќи ако нивото на Д-димери е нормално, тогаш практично не постои тромбоза. Но, и доколку нивото е зголемено, тоа повторно не значи дека пациентот има тромбоза.
На прашањето дали треба „опсесивно“ да се мерат Д-димерите, тој вели дека не треба воопшто да се следи нивото.
– Не треба воопшто да го следите нивото на Д-димери во крвта. Сега сите одат во лабораториите и го мерат нивото. Секако дека мерењето е задолжително согласно 12-от протокол за лечење од ковид-19, но понекогаш пациентите го носат како налог, а ние не знаеме што да правиме со тоа. Важно е да знаете дека не се лекува вредноста на Д-димер, туку се лекуваат пациентите од нивните заболувања – вели д-р Јочиќ.
Заболувањата се важна тема, бидејќи васкуларниот хирург подвлекува дека тромбозата не се појавува само поради зголемено ниво на Д-димери.
– Тромбозата најчесто не е скриена и таа не е нешто што исчезнува, а ние да не можеме да го забележиме. Постојат тегоби кои укажуваат на згрутчување на крвта, па затоа ние веднаш се сомневаме на тромбоза. Но, не може само Д-димерите да бидат индикација за давање терапија, бидејќи ако нивото на Д-димери е нормално, тогаш практично не постои тромбоза. Но, и доколку нивото е зголемено, тоа повторно не значи дека пациентот има тромбоза – објаснува д-р Јочиќ, пренесува Мондо.