Зголемен бројот на тестирања, намален бројот на заболени и на починати

Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, две лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.

247

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 03 до 09 мај 2021, тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е зголемено за 5,4% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата што е намалено за 37,2% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје со неделна инциденца 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.






Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39 (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%).

Со статус „оздравени“ се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е зголемено за 12,2% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, две лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 за периодот од 03 до 09 мај 2021 година, како и кумулативната состојба со ковид-19 во Република Северна Македонија е објавена на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

 

Поврзани содржини