Од земјотресот тешко е погоден и грчкиот остров Самос, недалеку од брегот каде бил епицентарот на потресот во кој тешко е погоден и турскиот град Измир.
На социјалните мрежи објавени се фотографии од разрушениот Самос. Засега нема податоци за жртви, но болниците се подготвени, јавува грчкиот CNN.
Од таму наведуваат дека земјотресот од 6,7 степени во Самос се почувствувал и во Атина. Според првичните информации, повредени се најмалку 10 луѓе, а на островот има значителна материјална штета. Оштетени се неколку згради и црква.
Градоначалникот на Самос Станѕикос изјавил дека потресот долго траел и дека многу силно се почувствувал. Островот го погодиле и три помали цунами.