Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател, е во билатерална посета на Белград, а нејзина домаќинка е Тамара Вучиќ, сопруга на српскиот претседател.
Српските медиуми коментираат дека двете дами избрале одличен стајлинг.
Тамара Вучиќ избра црн костум, но наместо панталони се одлучи за здолниште до под колена. Облечена е во струкирано сако закопчано до грло, а косата и е крената во елегантна пунџа.
Олена Зеленска се одлучи за темно син костум, со што нејзината руса коса дојде до израз.
Првата дама на Украина облече панталони и сако со интересен детал на реверот.
фото: Танјуг