„ЗЕГИН“ РЕГРУТИРА ФАРМАЦЕВТСКИ КАДАР Нуди програми и обуки за кариерен развој
Клубот за млади - ЗегИН младина опфаќа програма за кариерен развој „Мoja кариера - моја иднина“ за млади таленти , менторска програма за нововработени и практиканти за стекнување практично знаење од областа на фармацијата, платена пракса , стручно доусовршување со стипендирање преку фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и целосно стипендирање на студентите.
Биди амбасадор за здравјe. Континуирано развивај се. Поставувај стандарди. Биди ИН во фармацијата. Активно промовирај ја својата улога во општеството. Биди „Твој фармацевт“ и давај врвни услуги на пациентите… Ова се пораките од тимот за човечки ресурси во компанијата „Зегин“, кој преку новиот проект ЗегИН младина сака да регрутира нови и квалитетни кадри во фармацевтската индустрија.
– Практикуваме континуирано вложување во своите вработени и воведуваме високи стандарди, заедно растеме и отвoраме нови хоризонти во фармацијата. Понудивме програми за сите млади и идни фармацевти преку кои можат континуирано да се обучуваат, учат и надградувааат, бидејќи нашето мото е „Среќна младина е нашата иднина“ – велат од „Зегин“.
Клубот за млади – ЗегИН младина опфаќа програма за кариерен развој „Мoja кариера – моја иднина“ за млади таленти, менторска програма за нововработени и практиканти за стекнување практично знаење од областа на фармацијата, платена пракса, стручно доусовршување со стипендирање преку фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и целосно стипендирање на студентите.
Тука е и психо-едукативниот Центар за млади, поддржан од психолог, кој преку советување и едукација дава поддршка за психо-физичкото здравје на вработените и на младата популација.
За сите детали од програмите можете да се информирате на Зегин кариера https://www.facebook.com/profile.php?id=100063838012237