Компанијата Зегин и оваа година, во духот на хуманоста и сплотеноста, ја поддржа централната манифестација на црковно-народната манифестација Богојавление Водици во Скопје, како и останатите манифестации ширум земјата. Зегин обезбеди награди – вредносни ваучери од 12.000 денари за во „Техномаркет“ за сите 54 среќници кои го фатија светиот крст. Компанијата подели и 4.500 маички за сите пријавени учесници.
Се верува дека оној кој ќе го фати Светиот крст ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.
Со овој гест Зегин уште еднаш покажа дека е вистински пример за општествено одговорна компанија која постојано вложува во својата средина и во општеството.