ЗЕГИН ЈА ПРОДОЛЖУВА МИСИЈАТА Хуманитарна трка за лицата со аутизам

Трката оваа година ќе се одржи на 23 март со почеток во 09:00 часот пред паркот Јане Сандански во Општина Аеродром. Трката ќе понуди различни категории, вклучувајќи 10 км, 5 км, штафетна трка и детски трки од 150, 300 и 500 метри.

41

Компанијата ЗЕГИН, позната по својата општествена одговорност, повторно ја организира хуманитарната трка „ЗЕГИН СПЕКТРАТОН – трка на херои во сите бои“, која оваа година ќе се одржи на 23 март со почеток во 09:00 часот пред паркот Јане Сандански во Општина Аеродром. Трката ќе понуди различни категории, вклучувајќи 10 км, 5 км, штафетна трка и детски трки од 150, 300 и 500 метри.

Минатата година, ЗЕГИН успешно ја организираше оваа трка, која собра скоро 2000 учесници и значајно помогна со средства од котизациите и донацијата од 50.000 евра од Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“. Собраните средства беа искористени за реконструкција на првиот регионален социјален клуб за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.






– ЗЕГИН продолжува да ја поддржува оваа важна иницијатива, ставувајќи го фокусот на лицата со аутизам и нивната интеграција во општеството. Нашата мисија продолжува во 2025 година, со цел уште поголема поддршка за оваа категорија на граѓани – изјавија од компанијата ЗЕГИН.

Трката „ЗЕГИН СПЕКТРАТОН“ е препознаена како една од најдобрите социјално-одговорни практики за 2024 година, и оваа година се очекува уште поголем интерес од страна на граѓаните.

Резервирајте го вашето место на следниов  линк

https://trka.zegin.com.mk/mk/events/zegin-spectrathon-2025/register

Пријавувањето е отворено до 16 март

За сите детали околу овој голен хуманитарен настан можете повеќе да се информирате на социјалните мрежи

Facebook: https://www.facebook.com/zegintrka

Instagram:  https://www.instagram.com/trka_zegin/

Поврзани содржини