Иако на многумина им е тешко да замислат, Здравко Чолиќ има 68 години и деновиве му е забрането движењето во Србија.
Властите во Србија забранија да излегуваат лица над 65 години, а Чолиќ, според српските медиуми, сериозно ја сфатил самоизолацијата. Иако е тешко да се замисли, Здравко Чолиќ има 68 години и спаѓа во категоријата на граѓани на кои им е забрането движењето во Србија.
Српски „Стори“ пишува дека пејачот се изолирал од семејството и живее во посебно крило на својата вила во Белград. Од почетокот на вонредната состојба, тој не ги видел своите ќерки, Уна и Лара, кои се плашат дека може да му го пренесат вирусот на нивниот татко. Пејачот ја гледа само својата сопруга која му остава храна.
– Што доживеав, „бегам“ од сопствените деца во мојата куќа. Ова е страшно – наводно ѝ се пожалил Чола на својата сопруга.
Тој комуницира со ќерките преку видеоповик.