Збогум и од селекторот Ангеловски

Благодарност до сите фудбалери, сите знаете каде бевме пред пет – шест години, а каде сме сега. Ќе го одработам договорот професионално, не сакам сега да зборувам за мојата иднина - рече селекторот Ангеловски.

1,474

Крајот на нашиот настап на Европското првенство ќе значи крај и за Пандев во националниот тим, но покрај него, проштални зборови од пресот испрати и Игор Ангеловски кој го завршува својот договор со ФФМ.

– Мојот договор исто така завршува. Можам да кажам само едно големо благодарем до господинот крај мене, Горан Пандев. Среќен сум што работев со таков човек и таков фудбалер. Благодарност до сите фудбалери, сите знаете каде бевме пред пет – шест години, а каде сме сега. Ќе го одработам договорот професионално, не сакам сега да зборувам за мојата иднина – рече селекторот Ангеловски.






Тој истакна дека последниот натпревар на Пандев треба да биде дополнителен мотив за сите нив.

– Горан против Украина играше со две инјекции за болки, но ќе биде подготвен утревечер за игра. Знаеме која е Холандија, таа селекција ги победи и Австрија и Украина, што значи дека треба да бидеме беспрекорни на теренот. Убаво е да се игра против вакви селекции, мора да го извадиме максимумот на овој последен меч на Европското првенство – изјави Ангеловски.

Поврзани содржини