ЗАВРШИ ТРИДНЕВНАТА ПОТРАГА Полицијата го пронајде мртвото тело на лицето што исчезна близу Пожаране

Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува екипа од ОВР Гостивар. Телото е идентификувано од најблиски на К.Ј. кој на 30-ти минатиот месец беше пријавен дека во близина на селото Пожарaне собирал шумски плодови и потоа исчезнал.

302

СВР Тетово информира дека по тридневна интензивна потрага, односно пребарување на поширокиот регион околу гостиварското село Пожаране, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар (НК за КР), во содејство со екипи на МВР и мештани, денеска (2 ноември) околу 12 часот и 40 минути во близина на фабрика за мебел, во атарот на гостиварско Врапчиште, во шума, го пронашле безживотното тело на 87-годишниот гостиварец К.Ј.

Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува екипа од ОВР Гостивар. Телото е идентификувано од најблиски на К.Ј. кој на 30-ти минатиот месец беше пријавен дека во близина на селото Пожарaне собирал шумски плодови и потоа исчезнал.






По наредба на Јавен обвинител ќе се врши и обдукција. Од извршениот лекарски преглед на телото не се констатирани траги на насилство, извести полицијата.

Поврзани содржини