Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време

197

Околу 21.35 часот вчера, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(48) од тетовско Вешала, затоа што при контрола во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово било констатирано дека работел по дозволеното време и во него биле затекнати седум лица – гости.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање на случајот, против Н.М. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Исто така, како што се посочува, од слобода била лишена и косовската државјанка Л.М.(18), која се наоѓала во објектот, а која илегално влегла во нашата земја и непријавено престојувала на подрачјето. Таа била задржана во Полициската станица Тетово за натамошна постапка

Поврзани содржини