ЗАТВОРЕН ХОТЕЛ СО 5 ЅВЕЗДИ ВО КРАН МОНТАНА Биле откриени проблеми со противпожарната безбедност
Швајцарските власти во Кран-Монтана затворија хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарна безбедност. Одлуката е донесена само неколку недели по смртоносниот пожар во бар во алпскиот ски-центар, при што загинаа 41 лице.
Локалните власти посочија дека во август биле откриени проблеми со противпожарната безбедност во „Гранд хотел ду голф е Палас“ (Grand Hotel du Golf et Palace), што се наоѓа во близина на главната улица во Кран-Монтана. Хотелот се затвора, бидејќи до рокот на 15 јануари не ги надминал проблемите со безбедноста.
Локалната туристичка канцеларија најави дека гостите ќе бидат сместени во други хотели.