ЗАТОА ЛИ НЕ МОЖЕЛА ДА ОДБИЕ ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА СКОПЈЕ? Манасиевски прашува дали Шукова дала стотици позитивни мислења за фотоволтаици за луѓе на СДСМ
Дали Каја Шукова е вмешана во давањето мислење за поставување фотоволтаична централа на браќата на Венко Филипче и на Зоран Заев во Дојран, праша Манасиевски.
Дали Каја Шукова не смеела да одбие да бидe кандидат за пораз, затоа што е директно вмешана во бизнисите со фотоволтаици на луѓе од власта, праша денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.
– Дали Каја Шукова како министер за животна средина има дадено стотици позитивни мислења за поставување на фотоволтаични централи низ Македонија, и дали поголемиот дел од истите тие фотоволатични централи се на луѓе блиски до СДС? Дали Каја Шукова е вмешана во давањето мислење за поставување фотоволтаична централа на браќата на Венко Филипче и на Зоран Заев во Дојран? Дали поврзаноста со бизнисите на Заеви и Филипче, всушност е и причината поради која таа е врзана во кругот во СДС од кој не може да излезе? Дали Каја Шукова поради ова свое минато со Заев и со Филипче немала избор како Мишко Ралев кој ја одбил понудата да биде кандидат на СДС за Скопје? – праша Манасиевски.
Тој вели дека кадрите на СДСМ имаат силни врски со минатото и со бизнисите на Заев и на Филипче. Манасиевски ѝ предвиде голем пораз на Шукова во Скопје на локалните избори.