ЗАСТАНАЛ ДА ПОМОГНЕ, ОСТАНАЛ БЕЗ 800 ЕВРА Возач кој снемал гориво му „увалил“ лажен накит

Се договориле непознатиот да му го продаде личниот златен накит за 800 евра, на што скопјанецот се согласил.

568

Скопјанец на возраст од 32 години вчера бил измамен од непознато лице за сума од 800 евра. Случајот бил пријавен вчера околу 15 часто во СВР Скопје.

Возејќи со својот автомобил скопјанецот застанал на знак на непознатиот, кој му побарал пари за да стави гориво во својот автомобил, бидејќи снемал и пари и гориво. Како што е пријавено, се договориле непознатиот да му го продаде личниот златен накит за 800 евра, на што скопјанецот се согласил. Подоцна отишол во златарница и таму го известиле дека накитот не е златен, по што го пријавил случајот.






СВР Скопје информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини