Дали некогаш сте слушнале за Енрико Бекузи? Станува збор за 47-годишен италијански тенисер кој веќе 26 години безуспешно се обидува да го исполни својот сон – да победи еден натпревар и да освои бодови за да се запиша на скалата на АТП. Меѓутоа, тој до ден денешен не му успеал во тоа и официјалната статистика покажува дека ги изгубил сите 270 одиграни натпревари, од кои последниот беше на 16 декември лани на турнир во Турција.
Бекузи игра тенис од 1994 година и има нула победи, а „Волстрит журнал“ го нарече „Легенда на предизвикувачот“. Иако никогаш никого не победил, тој не сака да ја заврши кариерата сè додека не го оствари својот сон, поточно победа која би му ги донела толку посакуваните поени.
Бекузи пропатувал од Јужна Америка до Кина, настапувал и во парови, но победата едноставно не може да дојде. Најблиску до победа бил во 2003 година на турнирот во Софија, но тој ни ден денес не се откажува.
– Сè додека имам сила, ќе се обидувам. Не сакам да се откажам, кога ќе остварам една победа, тогаш ќе заминам во пензија – рекол Бекузи.
Некои го нарекуваат „најлошиот тенисер на светот“ и „супер губитник“. Во неговата кариера – претежно во конкуренција на двојки, каде неговите победи се исто така реткост – тој заработи само 12.928 долари, просек од 497 долари годишно, така што е јасно дека тенисот не го игра поради парите.