ЗАПЛЕНЕТИ 114 ОГНОМЕТИ Жена ги продавала во колонијална продавница
Пријавената, во колонијална продавница во Свети Николе, за свои потреби неовластено продавала поголемо количество на распрскувачки материи.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против М.С.(42) од Свети Николе, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
Пријавената, во колонијална продавница во Свети Николе, за свои потреби неовластено продавала поголемо количество на распрскувачки материи.
По извршена контрола од страна на полициски службеници, пронајдени се и одземени се пакувања со 114 огномети.