🎥 ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА ВО РЕГЕНСБУРГ ЗАВРШИ ТРАГИЧНО Еден од заложниците беше смртно прободен со нож

Напаѓачот е 20-годишен германски државјанин, но неговите мотиви остануваат непознати.

3

Полицијата во германскиот град Регенсбург уапси маж кој во четвртокот упадна во банка и со нож уби еден од вработените, по заложничка драма што траеше неколу часови.

Напаѓачот е 20-годишен германски државјанин, но неговите мотиви остануваат непознати, соопшти полицијата во овој баварски град. Полицијата спроведува истрага за убиство и грабеж.






Во четвртокот попладне, тој упадна во експозитура на „HypoVereinsbank“ и со нож тешко повреди еден вработен. Жртвата беше пренесена во болница со смртоносни повреди и подоцна почина.

Полициските службеници го изведоа напаѓачот од банката, ставајќи крај на заложничката драма што траеше неколку часа. Во попладневните часови на местото на настанот биле ангажирани силни полициски сили, вклучувајќи специјални единици и хеликоптер.. Од експозитурата беа изведени и две други лица, соопшти полицијата.

 

МАЖ ДРЖИ ЗАЛОЖНИЦИ ВО БАНКА ВО РЕГЕНСБУРГ Голема полициска акција во Германија

Поврзани содржини