📷 БРЕНА МУ ЧЕСТИТАШЕ РОДЕНДЕН НА БОБА И ОБЈАВИ СЕРИЈА СТАРИ ФОТОГРАФИИ „Среќен роденден љубов моја!“
Лепа Брена му го честиташе 64-тиот роденден на својот сопруг Боба Живојиновиќ со емотивна порака на Инстаграм, потсетувајќи се на нивната љубовна приказна долга повеќе од три децении.
Во пресрет на 64-тиот роденден на Слободан „Боба“ Живојиновиќ, Лепа Брена (65) објави емотивна честитка на Инстаграм која привлече големо внимание од нејзините следбеници.
Заедно со серија фотографии на кои се прикажани нивните заеднички моменти низ годините, од почетокот на нивната врска до сега, спомените од нивната свадба во 1991 година зазедоа посебно место.
Сепак, зборовите на Брена до нејзиниот сопруг предизвикаа најмногу емоции.
– Ти благодарам за секој момент во кој направи да се чувствувам сакана и почитувана. Нема зборови што можат да опишат колку сум благодарна што си дел од мојот живот – напиша пејачката, додека објавата ја придружи со краток опис: „Среќен роденден, љубов моја“.
View this post on Instagram