СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Д.(52) и Е.И.(41), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
„Во текот на август 2024 година пријавените набавиле хероин, кој го закопале кај место викано Шумска куќа на патот за с.Шашаварлија, штипско, а кој по преземени мерки бил пронајден и одземен од полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип“, се вели во полицискиот извештај.