Захарова: Да се казни Би Би Си бидејќи креираа негативна слика за Русија

386

Британското регулаторно тело треба да го казни Би Би Си поради создавање негативна перцепција за Русија, оцени денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува ТАСС.

На својот профил на Фејсбук, таа опиша како Би Би Си известува за Русија, користејќи специјален вокабулар, конструкции на реченици и предизвикува емоции со намера да создаде негативна перцепција за сè што има врска со Русија.






– Кога регулаторното тело за медиуми во Велика Британија, кое може со леснотија да изрекува казни и да се заканува со казни на руски медиуми за наводно небалансирано известување, ќе ги примени истите критериуми за Би Би Си“, праша Захарова.

Поврзани содржини