Загинал еден ден откако победил на изборите за претседател

Деби настрада само еден ден откако беше прогласен за победник на неодамнешните избори на кои го освои шестиот претседателски мандат.

440

Претседателот на Чад, Идрис Деби (68) починал од повреди здобиени додека ги обиколувал војниците на фронтот во борбата против бунтовниците на северот на земјата, соопшти армијата.

Деби настрада само еден ден откако беше прогласен за победник на неодамнешните избори на кои го освои шестиот претседателски мандат.






Неговиот кабинет вчера објави дека се упатува кон фронтот за да се приклучи на армијата во борбата против терористите.

Деби дојде на власт во 1990 година во бунт и беше еден од лидерите со најдолг претседателски стаж во Африка.

Поврзани содржини