ЗАГИНА ВОЗАЧ ОД ДЕЛЧЕВО, СОПАТНИКОТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН Страшна сообраќајка на патот Македонска Каменица-Виница

На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, информираат од МВР.

277

42 годишен жител на Делчево загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница. Тој синоќа излетал од патот со возилото кое го управувал.

„На 08.05.2024 во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, информираат од МВР.






Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Поврзани содржини