ЗАГИНА ТРАКТОРИСТ ВО СТРУМИЧКО Сопатникот е полесно повреден
Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.(21) од село Баница, струмичко, наведено е во полицискиот билтен.
Вчера во 09.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-с.Баница-с.Вељуса, поточно во село Баница, Струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Љ.Р.(72) од село Вељуса, и трактор „имт 539“ без регистарски ознаки, управуван од Д.С.(43) од село Баница, струмичко.
„Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.(21) од село Баница, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, се вели во полицискиот билтен.