ЗАГИНА 60-ГОДИШЕН ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК ВО СТРУМИЦА Паднал од објектот во изградба, починал на лице место

Смртта на З.Б.(60) од село Вешала, тетовско, ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица, инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на струмичката полиција.

252

Загина градежен работник во Струмица. Вчера претпладне паднал од објектот во чијашто изградба учествувал и починал на самото место.

„Вчера околу 11.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека при извршување градежни работи на објект на улицата Братство Единство во Струмица, З.Б.(60) од село Вешала, тетовско, паднал и од здобиените повреди починал на местото“ соопшти денеска струмичката полиција.






Смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица, инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на СВР Струмица.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Поврзани содржини