ВМРО-ДПМНЕ: Заеви јадат од златни вилушки и лажици, a народот плаќа поскапа струја

2,174

Стерилните соопштенија на СДСМ нема да го сокријат луксузот на семејството Заеви. Заев откако е на власт граѓаните не видоа ниту една корисна реформа освен поскапување на струјата, вели ВМРО – ДПМНЕ.

„Заев и СДСМ без тронка срам на подмолен и шверцерски начин ја покачија цената на струјата во сред епидемија. Поради Заев и СДСМ граѓаните плаќаат 13-та сметка за струја.






Неспособноста на СДСМ се докажа и увиде и во извештајот на Европската комисија за енергетика, која им препорача дека треба да се инвестира во нови ресурси и дека се потребни поголеми инвестиции во енергетската ефикасност.

Заев и СДСМ пред да дојдат на власт на граѓаните ветуваа гасификација и природен гас до сите домаќинства во државата, но на СДСМ побитно им беше за четири години да ја задолжи државата со рекордни 7 милијарди евра, од кои пари граѓаните не видоа ниту денар. 

Енергетиката за оваа неспособна влада е црна дупка“, реагира ВМРО – ДПМНЕ.

Поврзани содржини