Заев за „Дојче веле“: Аман, Каракачанов, немој толку да нè сакаш!

Јас често го слушам мојот добар пријател Каракачанов. И тврдам дека тој ја сака Македонија, но некојпат на погрешен начин ја сака Македонија. Му го имам тоа и нему кажано. Тоа е како што велат „аман брату, немој толку да нè сакаш“, изјави премиерот Зоран Заев.

1,477

Во интервју за „Дојче веле“ по бугарското вето во ЕУ, премиерот Зоран Заев тврди дека е сигурен дека Борисов не е пречка за земјата. Тој објаснува и дека бугарскиот вицепремиер Каракачанов ја сака Македонија, ама на погрешен начин.

– Тврдам дека огромно мнозинство од бугарскиот народ е против блокада и пречки за македонскиот народ на патот кон ЕУ. Тврдам исто така дека и Борисов е против, затоа што тој е отсјај на својот народ. Но, секако, тој има и коалициски партнери. Јас често го слушам мојот добар пријател Каракачанов. И тврдам дека тој ја сака Македонија, но некојпат на погрешен начин ја сака Македонија. Му го имам тоа и нему кажано. Тоа е како што велат „аман брату, немој толку да нè сакаш“. Значи тој ја сака Македонија, но на погрешен начин. Треба да продолжи да ја сака, но и да покаже дека тоа што нему му тежи и му е проблем, како што вели: „блгарски Македонец“, тоа се решава – вели Заев.






Тој уште еднаш потенцира дека Скопје нема никакви претензии кон соседот.

– Јавно тврдам дека немаме ниту територијални, ниту малцински претензии, за да слушне тој и да му олесни на Бојко Борисов. Јавно тврдам дека Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија. Јавно тврдам дека заедничката историја е реалност и постои. Во таа заедничка историја се изнедриле Бугарите и Македонците, бугарскиот и македонскиот јазик. И во едни такви околности, треба тоа да го зграпчиме и да градиме пријателство и братство. Тоа е љубовта којашто носи иднина. Другата љубов не е вредна затоа што носи раздор и непријателство. Јас сум убеден дека и Каракачанов, кој е претседател на партија со десна определба, не сака конфликти со своите соседи, не сака да ги раздели – објаснува Заев.

Поврзани содржини