Заев води приватни преговори со Софија

Бучковски му е само параван, трагично и погрешно одбран поштар, кој е тука да го минимизира фактот до кој степен преговорите со Бугарија се киднапирани од државното, институционалното, министерското ниво и сведени на едно срамно приватно ниво кое почнува и завршува со Заев.

2,381

Каракачанов нè информира за нашите постапки, додека нашата Влада молчи.

Димитров бара пауза во преговорите, Бучковски сепак неделава оди за Софија.

Софија ни пратила анекс од 12 точки.

ОК, ај вака да се договориме – вака надворешна политика не се води, односно, ова е отсуство на надворешна политика.

Особено не се водат вака преговори за историско-идентитески и јазични прашања.

Ова кажува дека Заев, кој во 100 наврати докажа колку поим си нема, сам и без ничија помош или совет различен од неговото едноумие, ги води преговорите со Софија.

Просто кажано, Заев води приватни преговори, за прашања и проблематики кои наголемо ги надминуваат, не неговите познавања (кои се непостоечки), туку пред сè неговите уставни ингеренции и прерогативи.

Бучковски му е само параван, трагично и погрешно одбран поштар, кој е тука да го минимизира фактот до кој степен преговорите со Бугарија се киднапирани од државното, институционалното, министерското ниво и сведени на едно срамно приватно ниво кое почнува и завршува со Заев.

(ФБ статус на авторот)
Поврзани содржини